Она што на почетокот била обична фотографија од одмор, пет пријатели седнати еден до друг на ограда, станала традиција.
Првата фотографија била создадена во далечната 1982 година со помош на тајмер за време на одмор на Езерото Копко во северна Калифорнија. Луѓето во фотографијата – Џон Вардло, Марк Румер, Далас Бурни, Џон Молони и Џон Диксон биле пријатели од средно училиште од Санта Барабара и имале 19 години и целиот живот бил пред нив.
Во оригиналната фотографија од јули 1982 година тројца од пријателите – сите со име Џон – уживаат топлес во летното сонце. Единствената голема разлика помеѓу фотографиите, покрај промените во изгледот, е теглата која ја држи Џон Молони. Во оригиналната фотографија пријателите во теглата чувале лебарка како милениче.
Господин Вардло за CNN изјавил: „Поради некоја причина сите имаме мрачни и мистериозни изрази. Сигурно сите мислевме дека сме навистина кул. Приоритети ни беа различни тогаш. Единственото нешто на кое мислев тогаш беше летото и девојки.“
Следните неколку години тие се враќале на езерото секое лето. Но дури во 1987 година решиле да направат рекреација на фотографијата од 1982 година. Тие се наредиле на оградата, ги направиле истите изрази и создале нова фотографија, повторно со тајмер. Разликата е малку поинаква тегла и различни фризури. [Five guys take same photo for 30 years]