Пунџата спаѓа во безвременските облици на фризури, а модерната собрана коса на врвот на главата, стана ново правило за елегантна фризура.
Некогаш оваа фризура била резервирана само за посебни прилики, но сега стана дел од секојдневниот стил, кој совршено одговра и за црвениот тепих, и за дневна прошетка.
Предноста на позиционираната пунџа високо на главата е уредноста, откривањето на цртите на лицето и нагласувањето на вратот, и младелашкиот изглед. А исто така одговара на речиси секој облик на лице.
Во долунаведеното видео ви нудиме туторијал со чија помош ќе добиете совршена пунџа и супер фризура за две минути.