Има два вида кабини за мажи. Во првите, гледаш стриптизерка преку непробојно стакло. Трговски центар во Шангај постави од оние вторите. Во нив гејмаш и се забавуваш додека ја чекаш партнерката/сопругата да направи детална обиколка на бутиците.
Во „кабините за мажи“ на „Global Harbor“ (така се вика трговскиот, локално еден од најголемите) има фотелја и компјутер, на кој корисниците ќе имаат можност да играат игрици од ’90-тите; бидејќи, сепак, таргет се повозрасните мажи (а и кај смее млад дечко да ја остави девојката сама да шета по продавници, нели?).
Кабините во моментов се бесплатни, но во иднина веројатно ќе се плаќа некоја мала сума.
Мажите што ги испробаа кабините се воодушевени. Еден вели дека играл Tekken 3 и дека се почувствувал како да се вратил во младоста кога бил средно. Видете ги овие среќни фацки: