Доколку и вас ве мачат темните кругови под очите, веројатно веќе сте се обиделе да пронајдете начин како да се ослободите од овој естетски проблем. Можеби сте пробале со разни козметички препарати, но сигурни сме дека не ви ни паднало на памет дека за наједноставното и ефикасно решение, препартите веќе ги имате дома.
Всушност, се што ви е потребно е четка за нанесување на сенка и светло црвен кармин, најдобро би било да е со примеси на портокалово.
Потребно е да го нанесете црвениот кармин на проблематичните делови со четката, лесно втријте го за добро да се размачка, а потоа продолжете со секојдневната рутина на шминкање.
Еве додатно објаснување за тоа како можете да се ослободите од овие непријатни појави на лицето.