Фотографката Пети Вејмајр сакала да слика поларни мечки и снежни пејзажи, па отишла на Barter Island, Алјаска. Ама снег не нашла.
„Локалните жители ми кажаа дека е невообичаено топла зима и дека снегот ќе доцни. Се работи за најтоплата зима досега измерена“, раскажува Пети.
Од друга страна, не можела да одолее да ги фотографира мечките додека лежеле лежерно на песочните брегови, и да не го извести светот за тоа колку драстични се последиците од климатските промени.
„Самите фотографии имаа приказна, без да ми требаат зборови“.