Тргнал дома со точак, возел месец дена во погрешен правец

Најголемата човечка миграција на светот само што заврши. Кинезите си ги видоа семејствата, ја отпразнуваа Лунарната Нова година – најголемиот кинески празник, и веќе му се вратија на секојдневниот живот. Во претходниот текст на темата спомнавме дека милиони Кинези бараат да купат билети за јавниот транспорт и дека многу од нив се приморани да се снаоѓаат на секакви начини.

Така и со нашиов денешен антихерој. Зборуваме за работник од Кина кој како и сите други сакал да си го види семејството за време на празникот, но бидејќи немал пари за карта за воз (ги потрошил во интернет-кафе), одлучил да тргне со велосипед – пат долг 1.700 километри, до родниот град Чичихар…

Патувал повеќе од месец дена. Во погрешен (факин) правец!

Прочитајте и:  Курт Кембел: Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД

Од една страна, човекот наводно бил неписмен и не знаел да чита сообраќајни знаци. Од друга, се потпирал на упатствата на луѓето што ги сретнувал, кои ете, погрешно го упатувале.

Полицијата го застанала на автопат на 21 јануари, баш заради тоа што возел велосипед на автопат. Откако им раскажал што и како, полицајците му соопштиле дека вози во погрешен правец, веќе 500 километри. Откако направиле едно заедничко селфи, му купиле карта за воз до дома, таман на време за да стигне дома за празниците.

Останува нејасно „како успеал да ги потроши сите пари во интернет кафе, а тврди дека не знае да чита“, пишува кинескиот People’s Daily Online.

https://youtu.be/plOws2y7FE0

- Реклама -