Николовски е дете на Брегалница, потекнува од младинската школа на овој тим, а играше и за пехчевски Кит Го, па летоска замина од Брегалница и потпиша за Гостивар, но после само полусезона се раздели со второлигашот и се врати во матичниот тим.
Тој е фудбалер кој може да одговори на двете странични позиции во дефанзива, а ги мина сите младински селекции на Македонија.