Треската наречена Facebook

facebook-intro.jpg Експертот за зависности David Smallwood тврди дека Facebook предизвикува зависност од пријателства, и би требало да се избегнува од луѓе кои што се склони кон зависности.

n20531316728_1230250_4282.jpg

Експертот за зависности David Smallwood тврди дека Facebook предизвикува зависност од пријателства, и би требало да се избегнува од луѓе кои што се склони кон зависности.

“Зависноста од пријателства е слична како и останатите зависности, со разлика во тоа што ни овозможува да си судиме себеси за неуспешноста, кога би ни било одбиено нашето пријателство. Тоа потоа резулира со намалена самодоверба и следна фаза, која што подразбира претставување со друг идентитет“ – вели Smallwood и додава дека голем број од неговите пациенти имаат профили на Facebook.

Но, кој би му одолеал на шармот на Facebook? Сите тие пријатели од основно, средно па и од факултет сега заедно на само еден прозорец, коментирајќи ги своите фотографии и споделувајќи искуства кои што им го одбележале изминатите години? Тука се и членови на поширокото семејство, пријатели стекнати од различни патувања… Тешко е сето тоа едноставно да се премолчи. На крај, телефонот бил измислен поради слична причина – поврзување на луѓето, и не може тој да се обвинува поради тоа што некои болни личности го користат да ги вознемируваат останатите на полноќ.

Моментално Facebook има повеќе од 110 000 000 корисници, а нивниот број се зголемува за 2 000 000 секоја недела. Исто така Facebook може да се пофали и со совојата огромна галерија од 1 милијарда слики. Можеби засега не е некоја “импресивна“ бројка, но доколку се земи во превид дека за разлика од Flickr и Photobucket , на Facebook се upload-ираат слики од луѓе, чисто со намера да се споделат некои моменти, е големо достигнување.

Што се случуваше во просториите на Facebook кога го очекуваа нивниот јубилеен посетител
{youtube}ikIVxmjdBLw{/youtube}

- Реклама -