Во Велика Британија започна со работа тренинг камп за луѓето кои имаат страв дека во брзо време ќе има некаква епидемија од која најголемиот дел од населението ќе се претвори во зомбија. Во овој камп, ќе ве научат како да преживеете во таква ситуација.
Во Драјотвич, Ворчестер, за само 59 фунти, ќе можете да искусите автентично искуство – да се најдете во средината на напад од зомбија. На располагање ќе имате пиштол, пушка, гранати и моторна пила, а воените инструктори ќе ве научат како најдобро да ги искористите за да преживеете.
Искуството трае и до четири часа, а напуштениот магацин полн со зомбија, заедно со симулираните гранати и топчињата со крв, додаваат доза реализам на настанот. Компанијата што стои зад овој тренинг камп, Wish.co.uk, сака да им понуди на своите клиенти необично искуство, т.е. да им овозможи да се најдат во ситуација која претходно можеле да ја видат на филм или само да си ја замислат.
Тренинг кампот за борба против зомбија е одличен подарок за Нова година или во најмала рака, пригодно изненадување за вашите параноични пријатели. А и ако некогаш се случи ваков напад, барем ќе имате основни предзнаења и ќе си ги подобрите шансите за преживување во постапокалиптичниот свет.