Роберто Мартинез од 2016 година до изминатото Светско првенство беше селектор на Белгија. Белгијците во овие шест години располагаа со фантастичен состав, но не го искористија тоа.
И покрај неуспехот на Мартинез, се чини дека тој ќе добие шанса да води уште една квалитетна репрезентација.
Португалските медиуми пишуваат дека тој има вербален договор со Фудбалската федерација на Португалија и во наредните денови тој треба и официјално да биде потпишан.