Контрастни сенки, основата на тенот е светла за да се добие чист и природен изглед, а усните се акцентот. Погледнете какви се трендовите во зимската шминка за оваа сезона.
Нагласени веѓи и чиста светла основа на тенот, само со златна сенка, која што е доволна за да се добие целиот изглед. Ништо не е применето под око, за да се истакне горниот капак.
“the smoky-eye” изгледот, оваа сезона се појавува на пистите повторно, но овој пат малку посветол од вообичаеното полно црно. Пробајте го изгледот со сино – сиви тонови.
Топла црвена сенка. Овој изглед е присутен веќе неколку сезони на пистите, но сега веќе се префрла во секојдневието. Сѐ што ви е потребно е топла боја на сенка, црвена, розова, портокалова, и добро структурирани веѓи.
Повеќе бои. Храбро нанесете повеќе бои на сенки на очните капаци.
Нагласен очен капак. Овој изглед, дефинитивно е “must” оваа сезона. Со помош на светли и темни сенки нагласете ја формата на окото. Светло во средината, темно на аголот од окото, но бидете прецизни и суптилни.