Зависниците од последните модни крикови и постојаното експериментирање со облеката, пролетва задолжително треба да ја надградат својата гардероба со пар фармерки обложени со восок, со кои буквално може да се добие изглед на рок-ѕвезда.
Со восочните фармерки може да му дадете специфичен печат на вашиот секојдневен изглед, но исто така со нив добивате и интересен контраст на текстурите во секоја комбинација. Се јавуваат во секакви варијанти, од неутралните црни, кафени и сиви, до екстремните варијанти во впечатлива розова, црвена, сина и зелена.
За лежерна дневна варијанта, носете ги со еднобојна кошула, кожена јакна или едноставно сако и ниски чизми до глуждовите, а за моќен вечерен изглед искомбинирајте ги со високи потпетици.
Иако голем број од брендовите како „Манго“, „Х&М“, „Зара“ и „Форевр 21“ понудија широка палета на бои и различни модели на восочни фармерки, нив може да ги направите и во домашни услови.
Потребни ви се обичен пар фармерки во боја по желба, фабрички восок во истата боја и фен за коса. Легнете ги фармерките на даска за пеглање и со помош на четка со крупни влатка премачкајте ги со восокот, почнувајќи од ногавиците, па нагоре. Потоа сушете ги со фен за коса и со дланките нежно рамнете ја површината. Оставете ги да се досушат уште најмалку 24 часа пред да ги облечете.