Трендот со собирање милион „лајкови“ на Facebook продолжува

По дечињата кои објавија фотографија на Facebook под која напишаа дека нивниот татко им ветил кученце ако соберат милион „лајкови“ и момчето кое го копираше нивниот пример и побара милион лајкови за да има секс со девојка, деновиве на оваа социјална мрежа се појави уште едно барање.

facebook1

Откако виде дека им успеа, оваа мајка побара милион лајкови за нејзините три ќерки да ја исчистат целата куќа и тоа со четка за заби.

„Здраво Facebook. Моите три ќерки рекоа ако соберам милион лајкови дека ќе ја исчистат цела куќа со четка за заби.Ве молам лајкнете и споделете“, е барањето на оваа мајка.

facebook

Фотографијата е објавена на 21 јануари, а до сега има собрано 183,066 „лајкови“.

- Реклама -