Од час во час сѐ потежок е изборот на рачен часовник! Имено дизајнерите нудат најразлични модели кои „заведуваат“ со својата оригиналност, раскош и воедно практичност.
За претстојната пролетна сезона Chanel ги пушти во продажба часовниците од линијата Premiere Flying Tourbillon украсени со розови и сини сафири и дијаманти. Од секој од моделите во продажба се пуштени само по 5 часовници.
Брендот Ulysse Nardin инспирацијата за најновите модели ја пронајде во сцените од Венецијанскиот карневал, а Louis Vuitton понуди женски модели во црна и бела боја декорирани со цветови.