Соодветниот избор на ленти за коса, може да привлече внимание и да ве направи интересни, а во исто време да ви го олесни и процесот на правењето на фризура. Лентите и марамите за на коса се одличен начин да ја истакнете својата младост, а можат истовремено да делуваат многу заводливо и секси, во зависност од изборот. Експериментирајте со бојата и стилот, се додека не пронајдете парчиња кои совршено ќе ви одговараат.
Исто како и шеширите или воочливиот накит, така и лентите за коса привлекуваат внимание на целовкупниот стил. Обидете се да ги вклопите со бојата или нијансата од остатокот од облеката, или пак со обувките, чантата или ременот.