Тренчевска: Социјалната реформа се покажа мошне ефикасна и кога пандемијата ја стави на тест

Социјалната реформа од 2019 година, за време на пандемијата, беше ставена на тест, но се покажа дека е мошне ефикасна за полесно пребродување на кризата, изјави Јована Тренчевска – член на Извршниот одбор на СДСМ, на трибината во Прилеп.

Таа потсети дека социјалната помош беше зголемена за 300 проценти, олеснет беше пристапот до образовен додаток, а се воведе и државната социјална пензија.

„Пандемијата не научи дека системот мора да функционира“, рече Тренчевска.

Таа се осврна и на новиот закон со кој Недела станува неработен ден, порачувајќи дека тоа ќе биде ден за одмор за сите работници, освен за оние во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат, но кои за работа во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50 проценти од редовната, како и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.

Тренчевска оцени и дека е исправена децениската неправда кон стечајните работници. Денес 12 илјади лица добиваат месечен надомест од 8.000 денари до нивното пензионирање, а се планира и нов Закон кој ќе опфати дополнители лица од оваа категорија граѓани, рече таа.

Понатаму, Тренчевска зборуваше за инвестициите во образованието, како и грижата на Владата за пензионерите.

Прочитајте и:  Стојаноски: Сериозни сме во намерата да го зголемиме стандардот на граѓаните, предлозите на СДСМ се несериозни

„Една од најмудрите работи кои земјата треба да ги направи за да обезбеди еднаквост и долгорочен просперитет за сите граѓани, е да инвестира во раното детско образование. Затоа за само 9 месеци отворивме 12 градинки во кои се згрижени околу 700 деца. До крајот на годината ќе бидат отворени уште 13 нови градинки, кои ќе го зголемат капацитетот на деца за 1.400 места“, најави таа.

Според неа, Владата се грижи и за највозрасната категорија на граѓани, а тоа го прави и покажува преку редовно и предвремено исплаќање на пензиите, како и помошта за пензионерите со најниски пензии опфатена со четвртиот пакет мерки за справување со пандемијата.

„Околу 324.000 пензионери денеска добиваат повисоки пензии. Пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, зголемени согласно Закон, кое што беше укинато од претодната власт. Тоа значи усогласување на пензиите со растот на тошоците на живот, двапати во годината, раст на пензиите со раст на БДП повеќе од 4% и третата можност за раст е со раст на минималната плата од 15% и просечната 5%“, истакна Тренчевска.

- Реклама -