Во реалниот живот тој живее заедно со неговите шест деца и сопругата Анџелина Џоли. Така, Бред Пит немаше потешкотии да се прилагоди на улогата во неговиот нов филм „World War Z“ каде се најде во улогата на семеен човек. Во првиот трејлер објавен за филмот, можеме да го видиме Бред како глуми заштитнички поставен сопруг и татко кој се обидува да ги спаси своите сакани.