Треба ли вештачката интелигенција да добие човекови права?

ексмашина
Глејте го бе Ex Machina, што чекате?

Луѓето влегуваат на непозната територија, правејќи големи чекори во светот на вештачката интелигенција (AI). Загриженоста за тоа како ќе реагираат свесните роботи на човековите средини сé повеќе расте кај експертите во полето, а сé повеќе почнува да се поставува и прашањето дали вештачката интелигенција треба да биде заштитена со човекови права.

Ако се знае дека веќе постојат воени егзоскелети кои на луѓето им даваат супермоќи и ако се земат во предвид редовните повреди (кај вработените) кои настануваат на работните места со роботска машинерија, јасно е дека роботите се многу опасни. Но, што ако и ние сме опасни за роботите, а со тоа и за самите себе? Со прогресот на „умот“ на машините до степен кога е тешко да се разликува од човековата интелигенција, можеби се потребни нови форми на легислативи кои ќе ги штитат роботите од учење на погрешните работи од човечката злоупотреба.

Ду Сутој – математичар од Оксфорд, смета дека како што AI се доближува до софистицираното ниво на човечката свест, ќе биде наша должност да ја обезбедиме добросостојбата на машината, исто како што тоа го правиме за човечките суштества.

„Стигнуваме до точка кога можеме да речеме дека ова нешто има некаков сенс за себе, и можеби постои преоден момент во кој наеднаш оваа свест ќе се појави… А ако разбираме дека овие нешта имаат одреден степен на свест, можеби ќе мораме да им воведеме права. Ова се возбудливи времиња“.

Најновите напредоци во неуронауката даваат детален увид во тоа како функционира човековиот мозок, со што ја приближуваат технологијата повеќе од било кога до откривање на изворот од каде што доаѓа свеста, потенцијално откривајќи ги и тајните за тоа како истата да биде создадена.

„Фасцинантното нешто е што цела декада, свеста е место каде што никој не сакаше да се приближи, бидејќи не знаевме како да ја мериме. Но, ние сме во златно доба. Како Галилео со телескоп. Сега имаме телескоп во мозокот и тој ни овоможува да видиме нешта што никогаш не бевме во можност да ги видиме порано“.

По дифолт, сите свесни суштества треба да бидат третирани со најголема почит, особено што новите студии откриваат како негативната стимулација може да доведе до лудило, пост-трауматски синдром и многу други компликации. Ако компјутерите се способни идентично да ја реплицираат функционалноста на свеста, тоа го покренува интересното и важно прашање: зарем вештачката интелигенција не би реагирала лошо на негативни ситуации, речиси подеднакво како што тоа го прават другите свесни суштества?

„Мислам дека постои нешто во развојот на мозокот што може да е како точка на вриење. Може да е момент на пресврт“, вели Сутој. „Филозофите ќе речат дека тоа не гарантира дека тоа нешто (машината) навистина чувствува било што и дека навистина има сенс за самата себе. Можеби само ги кажува сите нешта што би не натерале да мислиме дека е жива. Но, во тој случај, дури и кај луѓето не можеме да знаеме дали нешто што некој го вели е реално“.

Притискајќи ја „точката на вриење“ на компјутер, би можело потенцијално да резултира со тоа AI-то да завземе одбранбен став и да се самозаштитува, слично на природниот инстинкт за преживување кои го имаат сите свесни суштества. Еден добар пример е тестот „во живо“ на Мајкрософт, кој ги демонстрираше потенцијалните проблеми што можат да настанат како резултат на злоупотреба на алгоритмите за учење и вештачката интелигенција од страна на луѓето.

tay-ai-microsoft-bot-racist[1]Мајкрософт проба да направи муабет со младите на интернет, користејќи AI бот прикачен на профил на Твитер. Експериментот резултираше со некакво „топење“ на ботот. AI-то го почна разговорот „топло“ поздравувајќи го светот со прекрасна порака, а заврши со омраза кон етничките групи и со поддршка за тероризмот. Ботот брзо го прифати негативното инуендо (скриена порака) на Твитер корисниците, а тоа доведе до корумпирање на ботот и до тоа Мајкрософт да биде приморан да го затвори профилот (ако ви се чита повеќе, гуглајте „Tay AI fiasco“).

Останува прашањето: ако AI бот онлајн може да се сврти против светот, може ли робот со смртоносна опрема исто така да му се закани на човештвото? Како што технологијата е сé поблиску до креирање на AI системи слични на човечката свест, многу е веројатно дека роботите ќе влезат во уставите, со цел да бидат заштитени од трауматски искуства, и потенцијални топења во стилот на Терминатор (било добриот или лошиот).

- Реклама -