Миењето на пакувањата од продавница или доставените пакети е претерана мерка, посебно ако ви создава дополнителен секојдневен стpeс, велат научниците.
Американската државна агенција за храна и лeкови (FDA) истакнува дека нема реален ризик од заpaза со новиот коронавирус преку таков пат, пишува CNN.
„Ве уверуваме дека нема докази дека човечката или животинската храна и пакувањата на храна се поврзани со пренос на Ковид-19“, порачуваат од FDA на Tвитер.
Џејми Лојд-Смит е еден од научниците кои учествуваше во анализата за тоа колку вирусот SARS-Cov-2, кој предизвикува Ковид-19, останува на разни површини.
И покрај тоа што истражувањето заклучува дека вирусот се задржува на картонските површини до 24 часа, а на метал и пластика до 2 до 3 дена, Смит, лично, не ги пере и дезинфицира пакувањата на намирниците од маркет или достава.
„Лично, тоа не го правам. Кон своите раце се однесувам како да се потенцијално контаминирани додека ракувам со намирниците и ги вадам од амбалажата, и секогаш ги мијам (рацете) кога ќе завршам со тоа“.
Вирологот д-р Џон Вилијамс, кој со децении проучува коронавируси, исто така не е загрижен за ваквиот начин на пренесување.
„Ние малку готвиме храна дома, малку нарачуваме однадвор за нашиот дом преполн студенти кои се вратија од колеџ. И не ги бришеме пакувањата од ресторан“, вели Вилијамс.
„Шансите некој да остави доволно вирус на некоја намирница или на пакување се многу мали и на тоа гледам како на теоретски/хипотетичен ризик“, вели Смит. „Такашто, внимателен сум, секогаш ќе ги измијам рацете, но не гледам на тоа како да зрачи со вируси“.
Поинаку би советувал само ако се работи за постаро лице или лице со нарушен имунитет, додава тој.
„Едноставна и разумна мерка на внимателност за намирниците кои не мораат во фрижидер е да ги оставите да стојат еден или повеќе денови недопрени пред да се распакуваат. Таквата постапка значително би ја намалила количината на евентуалната контаминација“.
Загриженоста поради можен пренос на вирусот преку разни површини се појави во март, кога во New England Journal of Medicine беше објавена студија која покажа дека под одредени услови во лабораторија, кои на некој начин се вештачки, SARS-Cov-2 се задржува до 3 часа во аеросолите, до 4 часа на бакар, до 24 часа на картон и 2 до 3 дена на пластика и нерѓосувачки челик. Но, во експериментот не се земени во предвид низа други фактори кои можат да го убиjaт вирусот, како сонце или дезинфициенс, ниту пак во истражувањето е мерена промената на количина на вирусот со тек на време, вели Смит.
Бенџамин Чепмен – експерт за сигурност на храна од Универзитетот во Северна Каролина, потенцира дека улога играат и температурата и влагата, како и колкава количина на вирусот имало на почетокот.
Количината на SARS-CoV-2 релативно брзо се смалува во споредба со, на пример, норовирусот кој опстанува со денови во доволно концентрација да заpaзи друго лице, се надоврзува Вилијамс, од Универзитетот во Питсбург.
„Студијата покажа дека бројот на коронавируси се намали за стотина пати на картон во период од 8 часа. Тоа значи дека 99.9% од вирусот исчезна по осум часа, а истото се однесува и на челик или пластика“, додава тој.
Ако веќе сакате да се насочите на нешто што навистина делува, експертите советуваат дека е поважно фaнaтично да ги миете или дезинфицирате рацете после секој потенцијален контакт со коронавирусот, наместо тоа да го правите со продуктите. Ако сепак стpaвот ви е поголем отколку стpeсот што ви го создава деконтаминацијата на намирниците, тогаш доволно е да го дезинфицирате само надворешното пакување, советува Вилијамс.
„Шансите да добиете вирус на тој начин сепак се многу, многу мали. Но, некои луѓе сакаат да носат и трегери и ремен за да не им паднат панталоните, зар не?“, додава тој, алудирајќи дека некои луѓе едноставно преферираат екстра пpeвенција и тоа, иако не е неопходно, е во ред.