Според Универзитетскиот колеџ во Лондон, треба да поседуваш пет клучни вештини ако сакаш да си богат, здрав и среќен во животот. Според нив, тие се: емоционална стабилност, контрола, оптимизам, одлучност и претпазливост/будност. Guardian смета дека наведените вештини се комплетно срање, и дека ги игнорираат практичните животни скилови кои всушност им помагаат на луѓето да извлечат максимум од животот. Така сметаме и ние. Guardian направи подобра листа од 5 навистина клучни вештини. Не и ние. Ние само ја пренесуваме.
Тоа се:
1. Способност да одредиш дали месото е расипано, само со мирисање
Вечната дилема: Имаш отворен пакет со месо во фрижидерот веќе една недела, а рокот му истекува за два дена. На граница си, тетеравејќи се меѓу вкусен ручек или труење и престој на токсикологија. Само мал дел луѓе, тренирани во полето на мирисање-на-потенцијално-расипано-месо, успешно ќе ја решат дилемата. Можеби ќе беше подобро ако ова се учеше во школо.
2. Да знаеш да извадиш пари од банкомат
Ова е лесно, ама сепак за многумина знае да биде сложена процедура. Во суштина сé што треба да знаеш е каде е слотот за картичката, во кој правец да ја внесеш, и да си сигурен дека сумата што ја бараш е помала од сумата што ја имаш. Да знаеш да побараш сметка, тоа е бонус. Да погледнеш позади рамо да не те чека некој сомнителен тип за да се опари – трипл бонус.
3. Дифолт мускулатура
Треба да отвориш шише? Основна мускулатура. Треба да однесеш многу намирници од маркет/пазар до дома? Основна мускулатура. Треба да се кренеш два пати на железо во маало за да ги импресионираш девојчињата? Основна мускулатура. Треба да избегаш од избеган лав? Пак, основна мускулатура.
4. Контакт со очи
Очите се прозорец кон душата, нели. Ако можеш да погледнеш некого во очи, автоматски значи дека си пријателски настроен, можат да ти се доверат, имаш самодоверба, и поседуваш емпатија. Па, ако сакаш луѓето да направат нешто што сакаш, гледај ги во очи. Напомена: Тоа подразбира да имаш образ.
5. Способност да сфатиш дека животот е привремен и ништо во суштина не е важно
За жал, за да просперираш во животот, емоционална стабилност, оптимизмот, одлучноста и претпазливоста/будноста се бесмислени. Тоа што навистина ти треба е сенс дека човештвото постои по чиста случајност. Сенс дека Земјата е само трошка прав во океан од ништо, и дека никому нема да му недостига ако ја снема. Доналд Трамп го знае ова, пишува Guardian, а кој е побогат и поуспешен од него? Баш така.