Трчањето е штетно за здравјето

Трчањето е штетно за здравјетоАко денес размислувавте да започнете со трчање, немојте! Истражувачите од универзитетот Оук Хил во истоимениот град во Алабама направија студија во која дошле до интересни резултати – колку повеќе трчате, толку си го скусувате животот.

Дарен Килз и Вилијам Гренчук, професори на универзитетот Оук Хил во истоимениот град во Алабама дошле до фасцинантни и фрапантни резултати во нивната последна студија за човечкото срце. Имено, според резултатите од истражувањето, колку повеќе трчате, толку повеќе го скусувате животниот век на најважниот орган во организмот.

„Замислете ги часовите на работа на срцето како пари кои ви се оставени во наследство. Не можете да заработите нови, можете само да ги потрошите. Единствениот начин за да си го продолжите животот е да одите пополека. Погледнете ги желките – тие живеат најдолго од сите животни на планетава, а единственото нешто што ги одделува е неверојатно бавното темпо со кое се движат“ изјави Гренчук.

Прочитајте и:  Немате многу пријатели? Тоа е „социјално стареење“ и може да биде добро за вашето здравје

„Никој не може да знае колку денови живот му се запишани во генетската меморија“ вели Килз. „Но, единствениот начин да не ја повикате смртта прерано е да одите полека, но сигурно, низ животот. Приказните за деца не се напишани попусто – сите тие имаат подлога поткрепена со цврсти и неоспорни факти. За да победите во трката за што подолг живот, мора да се движите како нашите најголеми учители, желките“.

[Текстот е замислен како првоаприлска шега]
- Реклама -