Трансформер во реалниот живот?

По руските патишта навистина може да се види се и сешто. Чудното возило на ова видео и покрај неконвенционалниот изглед ја има целата опрема задолжителна за учество во сообраќајот.

Возилото достигнува максимална брзина од 60 km/h и иако изгледа како трансформер во процес на преобразба, сепак станува збор за машина која се користи за механичко запрашување на ниви. Исто така, да не заборавиме дека е прописно регистрирано. Неговата висина е од практична причина – да не ја крши високата пченка додека се движи низ полето.

- Реклама -