Трамп со силна поддршка и комплименти за Орбан во пресрет на изборите во Унгарија

Вашингтон, 3 јануари 2021 (МИА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја објави својата силна поддршка за унгарскиот десничарски националист, премиерот Виктор Орбан, кој годинава на избори ќе се бори за нов мандат, јави ДПА.

Орбан „навистина ја сака својата земја и сака безбедност за својот народ“, се наведува во изјавата на Трамп на Твитер.

Орбан направи „моќна и прекрасна работа во заштитата на Унгарија, запирањето на илегалната имиграција [и] создавањето работни места“, додаде Трамп.

„Тој е силен лидер и почитуван од сите“, додава американскиот републикански експретседател во својата отворена поддршка за унгарскиот премиер.

Во Унгарија во април ќе се одржат парламентарни избори, пренесе ДПА.

Прочитајте и:  Белата куќа со критики за Илон Маск откако „праша“ зошто има обиди за атентат само врз Трамп

Орбан (58) со земјата управува од 2010 година.

- Реклама -