Трамп попушти, само Кина остана казнета со 125%

Откако целиот свет го крена на нозе со најавените царини, Доналд Трамп најави 90-дневна пауза на царините за повеќето земји освен Кина, чии царини во средата сепак ги зголеми на 125%. Иако претходно со денови инсистираше дека ќе остане цврсто на својата агресивна трговска стратегија, Трамп вчера објави дека сите земји кои не возвратија на американските царини ќе добијат одложување – и ќе се соочат само со сеопфатна американска царина од 10 отсто – до јули.

Одлуката на Трамп да се повлече, ја постави ја сцената за тримесечни избезумени преговори со десетици земји за подобри трговски договори со САД.

Кога новинарите го прашаа зошто наредил пауза, американскиот претседател одговори: „Луѓето малку станаа нервозни“. „Повеќе од 75 земји“ ја контактирале американската федерална влада „за да преговараат за решение“ откако Трамп ги откри плановите за големи царини за нивниот извоз, тврди американскиот претседател во објавата на Truth Social.

Повеќе тука