Трамп: Нема да бидам диктатор ако се вратам на власт, освен првиот ден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека „нема да биде диктатор доколку се врати на власт во 2025 година, освен првиот ден“.

Тој го кажа ова за Фокс њуз, на прашањето дали ќе возврати ако се врати во Овалната соба.

Како што објасни, тој ќе биде диктатор, пред се во однос на затворањето на границата.

„Покрај тоа, јас не сум диктатор“, рече Трамп.

За време на кампањата, демократските кандидати често истакнуваат дека Трамп доколку се врати на власт, ќе биде диктатор и дека ќе се осветува на неистомислениците.

За време на интервјуто, Трамп го критикуваше специјалниот американски советник за климата Џон Кери за неговите изјави дека електраните на јаглен мора да бидат затворени.

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Кои се пријателите на ВМРО-ДПМНЕ Кои се пријателите на Доналд Трамп?

„Кина гради по една фабрика за јаглен неделно, огромни фабрики за јаглен и тоа го прават автоматски. А Џон Кери сака да престанеме да правиме се што можеме. Имаме држава, мораме да ги активираме нашите фабрики. Ветерот нема да ги активира нашите фабрики. Нашата земја може повторно да биде богата. Џон Кери треба да се запре. Тој ја уништува нашата земја“, рече Трамп, додавајќи дека Кери патува насекаде со приватен авион додека зборува за борбата против климатските промени.

МИА

- Реклама -