Трамп на Твитер: Ние нашите сојузници ги помагаме, тие нас нé искористуваат!

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да тера меѓународна политика на Твитер. Денеска повторно ги нападна (вербално) американските сојузници, истакнувајќи притоа дел од причините за оставката на американскиот министер за одбрана – Џејмс Матис.

„До тие неколку сенатори што мислат дека не ми се допаѓа или не го ценам сојузништвото со другите земји, не се во право, ми се допаѓа и го ценам! Тоа што не ми се допаѓа, меѓутоа, е што многу од истите овие земји го искористуваат пријателството со САД, и од аспект на воена заштита, и од аспект на трговија.

Ние значително ги субвенционираме војските на многу МНОГУ богати земји ширум светот, додека во исто време овие земји тотално ги искористуваат САД и нашите даночни обврзници и трговија. Генералот Матис не го гледаше ова како проблем. ЈАС ГО ГЛЕДАМ, и во моментов проблемот се решава!“, напиша Трамп на Твитер.

Прочитајте и:  Курт Кембел: Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД
- Реклама -