За време на средбата со британската премиерка Тереза Меј, Доналд Трамп ја советувал да ја тужи Европската Унија, наместо да преговара со неа.
„Тој ме советуваше да ја тужам ЕУ, а не да влегувам во преговори“, изјавила Меј на заедничката прес-конференција со претседателот на САД.
Притоа, Меј ги повика критичарите да го поддржат процесот на Велика Британија за одделување од ЕУ, популарно познат како „брегзит“.