Трамп ја навреди Хајди Клум, а таа му одговори на легендарен начин

Еден од најуспешните супермодели на светот стана најновата жртва на навреди на Доналд Трамп, но таа не му остана должна.

Хајди Клум објави видео во кое го исмева Трамп, откога тој во едно интервју изјави дека 42-годишната убавица „повеќе не е десетка“.

Во интервјуто за The New York Times, Трамп изјави дека не е сексист, но и призна дека понекогаш претерува со своите коментари. После тоа, без проблем изјави:

– Хајди Клум. За жал, таа не е повеќе десетка.

Како одговор на неговата критика, Хајди објави видео на социјалните мрежи во кој го исмева Трамп. На себе носи маица на која пишува „10“, а потоа од зад грб и се доближува маж, кој го игра Трамп, и кој ја соблекува десетката од маицата и го открива бројот 9,99. Хајди прво изгледа шокирано, но потоа ги крева рамениците и продолжува да се смее.

– Трамп се изјасни. За жал, повеќе не сум десетка. Имав добра кариера- напиша Хајди, и додаде дека убавината е во очите на гледачите.

Доналд Трамп во неколку наврати ја шокираше јавноста поради своите коментари за жените и нивниот изглед, а многумина се особено изреволтирани што такви зборови доаѓаат од човекот кој моментално е во трка за претседател на САД.

Трамп неодамна изјави дека новинарката Мег Кели била остра кон него за време на републиканската дебата, бидејќи имала менструација, додека актерката Рози О’Донел ја нареќе дебела свиња.

- Реклама -