Трамп го критикуваше Нетанјаху дека не бил подготвен за нападот на Хамас врз Израел

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека не бил подготвен за напад на палестинската милитантна група Хамас.

-Не беше подготвен. Израел не беше подготвен. А под Трамп не би морале ниту да бидат подготвени, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесуваат британските медиуми.

Обраќајќи им се на приврзаниците на митинг во Флорида, поранешниот американски претседател рече дека „во текот на минатата недела некои работи тргнале наопаку“.

-Мора тоа да го исправат, бидејќи се борат со потенцијално голема сила. Тие потенцијално се борат против Иран, рече Трамп.

На неговите коментари одговори гувернерот на Флорида и противкандидат за претседателските избори, Рон Десантис.

Прочитајте и:  Во Либан нов бран експлозии преку рачни радио станици, повредени повеќе од сто лица (вознемирувачко видео)

-Апсурдно е кој било, а уште помалку некој што се кандидира за претседател сега да го напаѓа нашиот пријател и сојузник, напиша Десантис на социјалните мрежи.

МИА

- Реклама -