Трамп бара смртна казна за напаѓачот од Њујорк

Смртна казна за узбекистанецот и построги критериуми при лотариите за доделување на зелена карта или нивно укинување, побара Трамп како превенција од идни терористички напади.

Претседателот на САД изјави дека терорист кој развеал знаме на ИД во болничка соба, убил осуммина и повредил 12 лица треба да добие смртна пресуда. Тој исто така смета дека можеби е најдобро да се укине и лотаријата за зелена карта за доселеници.

29-годишниот Узбекистанец Сајфул Саипов е обвинет за тероризам, давање материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација, за насилство и за предизвикување штета со моторно возило.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп
- Реклама -