Фејсбук статус на Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
Не може да не казнувате нас што како мамлази почитуваме сѐ, со нови карантини и дополнителни забрани. Која е логиката на задожително носење маски надвор? На што го базирате ова? Кој и врз база на што ја дал оваа препорака и зошто!?
Како одлучувате дека карантинот е најдобро решение кога знаете дека во пола држава не може да го спроведете? Која е штетата на психичкото здравје со новите забрани и карантини? Сте ја виделе ли рајата во која и јас припаѓам како се однесува во сообраќај, како вози, колку нема трпение, како се дере на најмала работа, како фрла и уништува природа како да нема утре? Кој води сметка за ПСИХИЧКОТО ЗДРАВЈЕ НА ЛУЃЕТО?
Кои се резултатите од првите 9 месеци за другите болести, меѓу кои и психичките нарушувања?! Како се ДЕЦАТА? Колку луѓе умреа оти не добија сериозно внимание заради протоколите или стравот и препораката да не одат на лекар!?
ВИЕ нѐ убедувавте на почеток на сезоната дека е нормално луѓето да одат секаде, да се движат, дека ние што останавме Скопје сме малце глупички и дека гужвата во Охрид е ок, ако се држи дистанца? И сега карантин е новата нормалност и носење маски на отворено? И на Водно ли ќе важи тоа? Зошто?
А да почнете како влада и држава да ја спроведувате политиката што ја промовирате и да си ја работите работата? Какви контроли имате направено по мали маркети, кафани и кафулиња во петок и сабота навечер, кога сте биле во помалите градови во Источна и Западна Македонија? Кога последен пат сте поминале Дебар Маало навечер, еве нека не е за маски или одалеченост, нека е за паркирање на улица или брзо возење и дивеење по градов? Кога сте биле на Бит Пазар или Пластичара? Кога отидовте до некоја фирма, на свадба, на сунет, на домашни слави и празници или некоја општина во градов?
Забраните МОРА да ви се базирани на факти и сериозни објаснувања и докази, а не да бидат реакција на немоќта на администрацијата и системот да биде држава.
Не можеш по магарето, удри по самарот.