Трајко Вељановски притворен за настаните на 27 април

Поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски вечерва заврши во притвор.

Приведувањето е извршено по повод настаните од „27 април“ 2017 година кога имаше упад во Собранието.

„ 10 години сум бил претседател на Собранието, каков организатор, срамота“ рече Вељановски.

Полицијата вечерва ги приведе поранешниот претседател на парламентот и двајца поранешни министри, односно Спиро Ристоски и Миле Јанакиески, поради настаните од крвавиот четврток.

Дел од лицата кои ги бара обвинителството беа посочени во сведочењето на Александар Василевски-Нинџа пред судот.

Велјаноски на сведочењето за „крвавиот четврток“, во декември лани кажа дека не знаел дека вечерта во Собранието има лица со маски, а за тепањето на пратениците и новинарите видел на телевизија. На прашањата од судијката Добрила Кацарска која го води судскиот процес за 27 април, Вељаноски потврди дека добил порака од пратеникот Крсто Мукоски но и дека не одговорил на пораката.

Во ноември лани, на судско рочиште, се читаа СМС пораки од телефонот на Трајко Вељаноски.

„На 27 април во 17:48 Трајко Вељаноски испраќа смс порака до Горан Ѓошевски со содржина „бидете на штрек“. Ѓошевски во 17:49 испраќа смс порака со содржина „да” и подоцна уште една „сите знаат и од МВР”. Во 18:04 Вељановски му праќа порака „кажи им да влезат двајца внатре и да не им дозволат да седнат на моето мест“о – прочита тогаш дел од вештачењето обвинителката Вилма Русковска.

За 27 април претходно изјави дека атмосферата била жешка, и дека наредил да се спречи кошкање на пратениците.
Состојбата екскалираше откако пратеникот Зекирија Ибраими ја пееше албанската химна, но Вељаноски не го исклучи микрофонот.

Вељаноски на изборите во 2016 година беше носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2.

Тој е правник, политичар и беше осми по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008 до 2016 година. Во Собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија.

- Реклама -