Трајчевски со гол го завери четвртфиналето на Докса во Купот на Кипар (ВИДЕО)

Повремениот македонски репрезентативец и екс-фудбалер на Работнички, Душко Трајчевски со гол денеска го завери четвртфиналето на Докса во Купот на Кипар, откако неговиот тим го распарчи Етникос Ахна со 2-1.

Трајчевски, кој играше како стартер до 76-та минута од мечот, погоди во 62-та за петти гол на Докса и убедлива победа, откако во воведните 11 од вториот дел со два гола пред него беше јасно дека ќе победат и ќе обезбедат четвртфинале.

Вториот Македонец во Докса, голманот Дамјан Шишковски на овој меч одмараше.

Вчера АЕЛ Лимасол кој го предводи Чедомир Јаневски, а член на тимот е Давор Здравковски исто така обезбеди четвртфинале после триумф на пенали против Аполон, додека АЕК Ларнака на Иван Тричковски испадна после убедлив пораз со 0-4 од Неа Саламис.

- Реклама -