По 10 месеци заврши првата сезона од музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, а наскоро ќе започнат и аудициите за втората сезона.
Трајче Георгиев успеа да се пласира на втората позиција, додека со првото место се закити 13-годишната Марија Сердар.
Трајче по завршувањето на шоуто изјави дека е задоволен со второто место:
„Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене. Навистина многу ми значеше вашата поддршка. Задоволен сум со второто место, а воедно и честитам на Марија за победата“, изјави неодоливиот Струмичанец.
Потсетуваме, дека тој доби и статуетка за најслатка насмевка и топлина во вокалот.
Следната сезона официјално ќе започне во септември, додека во текот на топлите денови ќе се случуваат аудициите низ балканот.