Tрагедијата со Малезискиот авион можно е никогаш да не биде откриена

Мистеријата со исчезнувањето на Малезискиот авион можно е  никогаш да не биде одгатната, предупреди началникот на малезиската национална полиција Халид Абу Бакар. Тој посочи дека истрагата се води по четири верзии – киднапирање, саботажа, лични или психолошки проблеми на луѓето во авионот, пренесуваат американските медиуми.

Полицискиот началник навести дека континуираната истрага засега не дала резултати и повика: „ Дајте ни уште време, но можно е никогаш   да не ја дознаеме вистинската причина за инцидентот “.

Истовремено, Министерството за транспорт на Малезија ги објави отпечатоците на комуникацијата помеѓу екипажот на авионот и диспечерите од Куала Лумпур, пренесоа агенциите. Врската траеше речиси 50 минути и последните зборови од пилотската кабина и гласат: „Добра ноќ, лет 370 на малезиската ерлајнс”.

Т.н. црни кутии на леталата треба да бидат подобрени, изјави  министерот за комуникации Ахмад Шабери бин Чик на конференција на ОН во Дубаи. Меѓународниот телекомуникациски сојуз на ОН треба да се развие технолошки стандарди за чување на оваа информација во бази на податоци и таа да може да биде извлечена, ако црните кутии не се понајдат по инцидентот, рече Бин Чик пред конференцијата на Унијата.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Во моментов во операцијата за пронаоѓање на авионот кој што исчезна на 7-ми март учествуваат авиони на седум земји – Австралија, Кина, Нов Зеланд, Малезија, САД, Јужна Кореја и Јапонија. Над зоната за пребарување на остатоците летаат 10 авиони. Таму се наоѓаат и 9 австралиски и кинески бродови. Деновиве ќе пристигне и бродот од морнарицата на Австралија “Океански штит”, на одборот кој е  способен да детектира сигнали од црната кутија.

Претходно на семејствата им беше изразено сочувство, откако властите официјално прогласија дека леталото завршило во океанот, па сега останува да се трага само по причината.

- Реклама -