Трагедија во Индија: Се урна авион што го бараше Малезискиот

 

Товарен авион на индиското воздухопловство AC -130 J Херкулес со шет члена во екипажот се урна денес во предградието Гвалиора во централната индиска држава Мадхија Прадеш, изјави портпаролот на воздухопловството.

Сервисот на шпански јазик на „Раша тудеј“ јави дека овој авион учествувал во потрага по исчезнатиот авион MH 370.

Капетанот Џерард Галвеј изјави дека ќе се спроведе истрага во врска со несреќата.

„ Спасувачката операција е во тек. Се обидуваме да го утврдиме бројот на жртвите“, вели тој.

Меѓутоа, индиската телевизија NDTV објави дека петте членови на екипажот  загинале во несреќата.

Индија во 2011. година купи шест војни транспортни авиони произведени во САД за околу 1,1 милиони долари.

- Реклама -