Утрово во својата хотелска соба во Удине, пронајден е мртов капитенот на Фиорентина, Давиде Астори. Денеска требаше да ги одмерат силите Удинезе и Фиорентина.
Според првите инфорации не се работи за насилство и смртта настапила во сон.
Астори својата кариера ја започна во Милан, а играше уште за Каљари, Рома и Фиорнтина запиша и неколку настапи за италијанската репрезентација.
Навистина трагедија од огромни размери…