Деновиве се појавија на интернет просторот први фотографии и информации за дотераниот Avensis. Имено, седанот и караванот поминале низ ригорозна модернизација, а пред публиката ќе се појават на автосалонот во Женева.
Од распространетите фотографии се гледа дека надворешноста на Avensis добила црти во склад со најновиот дизајнерски јазик на марката, демонстрирајќи нови предни и задни елементи. И во салонот исто така има видливи промени, но во моментот тој останува мистерија. Обновената трета генерација на седанот и караванот ќе нудат и нова палета мотори. Информацијата е ограничена, но се наведува дека агрегатите се подинамични, поефикасни и поеколошки. Одредени зафати со цел повисок комфор и повисока безбедност се направени и на подвозјето и во потпирањето.
Дизајнот на моделот е дело на студиото на Toyota во Франција, додека технолошките промени биле доверени на истражувачкиот центар во Белгија. Третата генерација Avensis се појави во 2009 година година, на салонот во Женева. Три години подоцна караванот и седанот поминаа низ модернизација, а според најавите сегашните модели ќе бидат на пазарот барем до 2018 година. Во моментот не е јасно дали ќе добијат наследник?
Премиерата на новиот Avensis ќе со одржи на 3-ти март во Женева, кога ќе бидат соопштени сите детали. Производство, кое ќе се одвива во Велика Британија, треба да започне пред почетокот на летото.