Најпродаваниот автомобил во светот на сите времиња – Toyota Corolla, доби модифицирана верзија за пазарите во Европа.
Машината добива поинаков дизајн на предниот дел со нови фарови, поголема маска и вградени LED дневни светла. Во задниот дел пак откриваме нова графика на светлата, кои се поврзани со хромирани лајсни. На располагање ќе бидат 16 и 17-инчни алуминиумски фелни со нови форми. Не се соопштува за какви и да е технички подобрувања, освен додавањето на стандарден пакет од асистент системи, меѓу кои Road Sign Assist, Lane Departure Alert и Pre-Collision System.
Продажбата ќе започне од ова лето. Corolla сочинува околу 20% од вкупната продажба на брендот во целиот свет.