Јапонскиот автомобилски концерн Toyota со нов рекорд. Откако најголемиот производител на автомобили во светот произведе минатата година повеќе од десет милиони автомобили, за прв пат во историјата, сега и за финансиската 2013/2014 година очекува нови рекордни профити.
Лидерот во индустријата ги зголеми приходите на берзанското тргување во Токио, па прогнозите велат дека се стреми кон оперативен профит од 2,4 трилиони јени (17,4 милијарди евра). Концернот очекуваше профит од 2,2 трилиони јени, што би било раст од девет отсто, што исто така би бил рекорд, кој би го надминал постигнатото ниво, од пред глобалната финансиска криза, пренесува Bloomberg. Причината за успехот се слабиот јен и намалувањето на трошоците. Така, сега под цртата Toyota очекува добивка во износ од 1,9 трилиони јени, наместо претходно предвидуваните 1,6 трилиони јени. Во првите девет месеци на тековната фискална година (до стартот на 2014), која завршува на 31 март, нето добивка растеше брзо со стапка од 135,4%, односно 1,5 трилиони јени.
Во третиот квартал во периодот октомври – декември Toyota изненади со поголема добивка. Оперативната добивка изнесуваше еквивалентно на околу 4,4 милијарди евра – речиси пет пати повеќе од претходната година.