Во близина на грчкиот остров Андрос, товарен брод потонал поради насукување, соопштуваат надлежните власти. Инцидентот се случил кога бродот удрил во карпи, што предизвикало сериозни оштетувања и брзо потонување.
Според информациите, пловилото било на пат од Албанија кон Украина и превезувало околу 8.000 тони сода. Во моментот на несреќата, на бродот биле девет членови на екипажот – осум од Турција и еден од Азербејџан.
Грчката крајбрежна стража ја координирала спасувачката акција. Две лица биле извлечени од морето, додека останатите седум биле спасени од непристапна карпа со помош на спасувачки тимови, пловила и хеликоптер од военото воздухопловство.
Екипажот бил пренесен во пристаништето на Андрос, а првичните информации покажуваат дека сите спасени се во добра здравствена состојба. Надлежните најавија истрага за да се утврдат точните околности и причините за несреќата.




