Тоскана е можеби најпознатиот регион во Италија, кој се наоѓа во северозападниот дел од оваа медитеранска држава. Тоскана е позната по прекрасните пејзажи, архитектурата, богатата историја, уметноста и постојаното влијание врз високата култура.
Тоскана се смета за родно место на италијанската ренесанса. Таму се родени бројни личности кои оставиле длабок печат во историјата на уметноста и науката. Овој регион од Италија е познат во целиот свет поради одличните вина, а во него се наоѓаат голем број исклучително важни музеи. Дури шест локалитети во Тоскана се прогласени за културно наследство под заштита од УНЕСКО, а во целиот регион има преку 120 природни резервати, поради што бројот на туристите се зголемува секоја година.
Во Тоскана се наоѓа и 46-от најпосетен град во целиот свет, Фиренца. Воедно, овој град е еден од најромантичните градови во Европа, место што треба да биде посетено од секој вљубен пар. Фиренца е наречена уште и „Уметничката палата на Италија“, бидејќи се верува дека таму постои најголема концентрација на ренесансни уметнички дела и архитектура во целиот свет, поради што Тоскана е совршено место за секој вистински љубител на уметноста и културата.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.com