Тошковски на средба со Сиљановска-Давкова: Координацијата меѓу МВР и АРМ помогна да се избегнат поголеми штети со пожарите

Министерот ја информирал претседатеелката за безбедносната состојба на државата, за актуелните оперативни акции, како што посочи, особено во градот Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска за време на посетата во Охрид остварил и работна средба со претседателката Гордана Сиљаловска-Давкова, на која главна тема било справувањето со пожарите ова лето.

Како што соопшти министерот на неговиот фејсбук-профил, заедничка е констатацијата дека координацијата меѓу полицијата и армијата околу гаснењето на пожарите во југоисточниот дел на државата била на исклучително виско ниво и со тоа се избегнале поголеми штети.

„Со претседателката разговаравме за планиранитее реформи во креирање на модерен и ефикасен систем за управување со кризи, кој брзо и ефикасно ќе одговара на сите кризни појави во нашата држава“,

напиша Тошковски.

Министерот ја информирал претседатеелката за безбедносната состојба на државата, за актуелните оперативни акции, како што посочи, особено во градот Скопје.

- Реклама -