Тошковски – Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Вила Водно беше примен од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Тошковски најпрво и ја честиташе победата на изборите и и посака успешен мандат во кој, како што рече, ќе биде заштитник на државните интереси.

-На средбата поразговаравме и за предизвиците со кои сме соочени како држава и заклучивме дека не чека многу работа и во тој контекст потребно е да имаме партнерски однос сè со цел да изградиме едно општество каде основниот принцип ќе биде владеењето на правото, а со тоа Македонија ќе стане подобро и просперитетно место за живеење за сите граѓани, рече министерот Тошковски.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
- Реклама -