Деновиве по социјални мрежи се врти видео снимено пред едно 15 години некаде во ресторан во Бугарија. Во лабава атмосфера, а на задоволство на присутните, вклучително и музичарите, Тошка ја пее италијанската „Torna a Surrientо“.
Преработувана е од купишта италијански и други музичари, а една од најпознатите изведби е таа на оперскиот џин Лучано Павароти. Ама и Тоше не е покус, а на изведбава веројатно би ѝ аплаудирал и Павароти himself.
Ова чисто за потсетување на тоа каква привилегија имавме Тоше да се роди тука.