Торта со јаболка

Со оглед на тоа што во тек е сезоната на јаболка, денеска ве учиме како да направите една од највкусните посни торти и да ги изненадите вашите најблиски.

Да видиме кои се клучните состојки:

5 средни јаболка или 600 гр. излупени јаболка се рендаат на крупно ренде.
900 гр. шеќер
2 лажичиња сода бикарбона
2 филџани зејтин
650 гр. брашно

Подготовка:

Изренданите јаболка и содата бикарбона се мешаат во пластичен сад со дрвена лажица и се оставаат да стојат 30 минути. За тоа време се промешува 2-3 пати.

На оваа смеса се додава зејтинот, па се измешува. Потоа се додаваат брашното и шеќерот и се меша. По желба може да се додаде половина кесичка цимет, ореви и суво грозје.

Добиената смеса се пече во подмачкан плех од шпорет на 180 C, 30 – 40 минути.

Изладената посна торта се сече на коцки и се декорира со шеќер во прав.

 

- Реклама -