13 лица настрадаа во САД откако торнадо помина низ Северна Каролина. Стихијата оставила без струја поголем дел од американскиот град Бел Хевн, соопшти Дарик радио.
Торнадото успеало дури и да дигне камион со две лица во кабината, кој потоа паднал од 10 метри височина. Двајцата повредени биле хоспитализирани и за среќа се наоѓаат надвор од животна опасност.
Торнадото предизвика штета на неколку куќи, четири сообраќајни несреќи, а сруши и многу дрвја.