Компанијата Marvel Comics која ги држи правата на стрипот за скандинавскиот бог Тор, има намера во иднина главниот лик да биде жена, соопштува БиБиСи.„Новиот женски Тор ќе ја продолжи нашата традиција, во рамките на која што се појавија ликови како Капетан Марвел и Црната вдовица”, се вели во соопштение на сајтот на Marvel, во кое се наведува дека не станува збор за привремена промена на полот.
„Новиот Тор не е привремена женска замена. Таа сега ќе биде единствениот Тор, бидејќи е достојна за тоа“ – објаснува Вил Мос.
Тој додава дека новиот Тор ја традицијата на Marvel за силни женски ликови како Капетан Марвел, Сторм, Црната Вдовица и други“
Новиот стрип со жената Тор ќе се појави уште во октомври, а зад истиот стои авторот Џејсон Арон.