Еден поинаков рецепт за лесен и вкусен појадок. Топол тост со сирење, ореви, мед и рузмарин.
За да го подготвите овој рецепт ќе ви биде потребно:
Состојки:
1 багет
200гр сирење
1/4 чаша мед
1/2 чаша сечкани ореви или лешници
1/2 лажица ситно сецкан свеж рузмарин
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Потпечете ги оревите, сосема малку колку да добијат боја. Намачкајте го сирењето на багетот и печете 10-15 минути. Откако ќе се зарумени сирењето извадете ги лепчињата и додадете ги оревите и ситно сецканиот рузмарин. На крај прелијте ги со мед, по ваш вкус.
Bon appetite!