Топло и секси: Боровница со ванила

Мармаладот од боровница и ванила може да го послужите во комбинација со топол тост и путер. Во секој случај ќе уживате во одличен појадок.

Состојки:

500 г. боровница

500 мл. сок од портокал

2 кесички ванилин шеќер

350 г. шеќер

кесичка џемфикс

thinkstockphotos-485526628

Подготовка:

  1. На измиените и исцедени боровинки во сад за готвење додадете им сок од портокал и промешајте.
  2.  Содржината во кесичката џемфикс најпрво промешајте ја со две лажици шеќер, а потоа измешајте го тоа во овошната смеса.
    3. Гответе на силен оган додека не зоврие, со постојано мешање, а потоа додадете го остатокот од шеќерот. Варете уште три минути и постојано мешајте. 4.Со мармаладот наполнете ги теглите, затворете ги со капаче, сврете ги наопаку и оставете ги ака околу 5 минути.
- Реклама -